Тука си: Почетна » Тренинг центар „Виново“
Тренинг центар „Виново“

Тренинг центар „Виново“

Juventus Center е името на тренинг комплексот на Јувентус кој се наoѓа во Виново, место лоцирано на 14 километри југо-западно од градот Торино.

Tренинг центарот е еден од најсовремените во светот, а беше пуштен во употреба во Август 2006. Се протега на 140.000 квадратни метри, меѓутоа засега искористени се само 6000.

Во склоп на центарот има медицински и тренинг објекти кои ги користат првиот тим и девет младински секции, како и девет фудбалски терени, а тука е и „Media and Sponsor Center“, градба во која се наоѓа и сопствениот спортски канал – Juventus Channel.

Навивачите на Старата Дама сметаат дека спортскиот центар Виново е причина за многубројните повреди со кои се соочува Јувентус. Поради овие сомневања, минатото лето беа извршени детални тестирања и истражувања кои покажаа дека нема никаков проблем со Јувентус Центарот.

На официјалниот Facebook профил на Јувентус беше објавенa следнава видео презентација:

Остави коментар:

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!