Тука си: Почетна » Членство во ‘Juventus Official Fan Club’ Македонија 2018/2019
Членство во  ‘Juventus Official Fan Club’ Македонија 2018/2019

Членство во ‘Juventus Official Fan Club’ Македонија 2018/2019

Почитувани Јувентини, 

Со стартот на подготовките за новата сезона започнува и нашата работа со фан клубот. Веруваме, презадоволни од досегашната работа на раководството на клубот со нетрпение го очекувате стартот на новата сезона.

Како единствен официјален Фан Клуб на Јувентус во Македонија, Ве известуваме дека започнуваме со обновувањето на членството и запишување на нови членови за сезоната 2018/2019.

Износот за членството е ист како и за минатата сезона и изнесува 2.000 денари. За деца под 16 години (родени по 01.01.2003 година) членството изнесува 1.400 денари.

Бесплатно е членството за оние кои имаат индивидуални членства од J1897 Membership или Black&White Membership (валидни до 30 јуни 2019), а единствено што треба да ни спратите се личните податоци и бројот на валидната картичка.

Пријавувањето за новата сезона започува од  месец јули 2018 година.  

J official fan club

Како и сите претходни сезони, така и оваа, членовите на “Juventus Official Fan Club Macedonia” имаат можност да купуваат карти во предпродажба за натпреварите на Јувентус од Серија А и Тим Купот на Италија кои се играат на домашен терен, а во Лигата на Шампионите за сите домашни и во гостински натпревари.

Имајте во предвид дека доколку сакате да аплицирате за карта на некој натпревар мора да бидете зачленети најмалку еден цел месец претходно!

Вашето членство може да го обновите или да станете нов член со уплата на жиро сметката на здружението (примерок за пополнување на уплатницата можете да најдете овде).

Новите членови со уплататата треба да ни испратат и лични податоци за регистрацијата: име и презиме (на латиница како во пасошот), датум и место на раѓање, бр. на пасош, контакт домашна адреса, контакт мобилен телефон и валидна е-маил адреса и да ни се испратат на fanclub@juventus.mk. Пријавата се заведува откако ќе биде извршена уплатата на сметката.

Постоечките членови откако ќе го уплатат износот за членството, задолжително да не’ известат по пат на е-маил на fanclub@juventus.mk.

Со членството во Juventus Official Fan Club Македонија добивате:

  • Членска картичка од Јувентус со Ваше име и презиме
  • Попуст од 10% во официјалните продавници на Јувентус (во Торино и Милано) + ваучер од 10 евра за он-лајн купување од веб продавницата на Јувентус store.juventus.com
  • Подарок со логото на Juventus Official Fan Club Македонија.
  • Право на купување карти во предпродажба (за натпревари од Серија А и Купот на Италија на Јувентус Арената и натпревари од Лигата на Шампионите – дома и гости)
  • Попуст за посета на Јувентус арената
  • Попуст за посета на Јувентус музејот
  • 10% попуст на услугите достапни на ww.jmedical.eu (во J-Medical)
  • Можност за учество во Walk About турата – прошетка низ стадионот, соблекувалните и пречекување на играчите пред самиот натпревар
  • Можност за учество на т.н. „Трето полувреме“ (Terzo Tempo) – групна закуска и дружење по натпреварот, во просториите на Јувентус Арената заедно со 2 до 3 играчи на Јувентус и членови од целиот свет.

ЈувентусМК ја стави Македонија на мапата на земји на Јувентус и со тоа станавме дел од клубот. За шест години постоење стигнавме до број од над 200 членови на годишно ниво, со што станавме еден од најголемите фан клубови во регионов. Оваа година одиме во уште поголем број.

Пеењето на “Storia di Un Grande Amore” на Јувентус арената повеќе не е сон, туку наша реалност. Официјалното членство е директна поддршка за клубот кој го сакаме.

Во текот на следната сезона планирани се неколку организирани патувања на натпревари на Јувентус во Торино, како и некое гостување во Лигата на Шампионите, во зависност од противниците кои ќе ги добиеме.

За повеќе информации обратете се на fanclub@juventus.mk или следете нè на нашата фан странакако и на твитер .

Forza Juve!

Фото галерија на дел од нашите членови кои беа во посета на Јувентус Арената и на гостувањата во ЛШ во изминатите сезони.

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!