Тука си: Почетна » Вести » Алесио Такинарди

Алесио Такинарди

Facebook Twitter

Роден е на 22 јули 1975 година.Една од 50-те легенди чие име стои запишано на новиот стадион на Јувентус. Кариерата ја започнува во Аталанта 1992 ,каде по само 2 години доаѓа во Јувентус како сипматизер (миленик) на тогашниот директор Лучијано Моџи. Алесио е играч од средниот ред , го носеше бројот 3.

Во дресот на Јувентус одбележа 261 офцијален натпревар , постигна 9 погодоци , 5 пати ја освои Серија А , 4 пати Супер Купот на Италија и по еднаш : Лигата на Шампионите, Интертото купот, Купот на Уефа, Италијанскиот куп,Интернационалниот куп и Европскиот Супер куп. Речиси се’ што може еден фудбалер да освои со својот клуб.


По доѓањето на Фабио Капело на тренерското столче , Такинарди е испратен на позајмица во Виљареал.
Во Виљареал бележи 50 настапи и 3 погодоци. По двете години поминати во Виљареал ,Такинарди се враќа во Јувентус, но поради проблемите со управата (2007год.),тој  не се вклопува во тимот и се сели во Бреша каде како клучен играч постигна 9 погодоци на 34 одиграни натпревари.
Заедно со Конте, ДавидсКаморанезиДешампДи ЛивиоНедвед… Такинарди се памети како еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на Јувентус.
Денес Такинарди е голем навивач на Јувентус.

 

Напиша : Tеодор Николовски

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!