Тука си: Почетна » Фан Клуб » Јувентус летен фудбалски камп во Хрватска

Јувентус летен фудбалски камп во Хрватска

Facebook Twitter

aa

Juventus Soccer School Camp е проект кој се однесува на момчиња и девојчиња од 8 до 16 години кои сакаат да поминат одмор, преку кој ќе можат да ги подобрат своите фудбалски можности, какви и да се, без им биде скратена забавата и задоволство, а секој учесник ќе има шанса да доживее еден здрав, спортски и сигурен одмор под знакот на црно-белата боја.

За летото 2013, Juventus Soccer School  ќе биде присутен во Умаг (Хрватска), на 40км од италијанската граница, во еден прекрасен спортски и хотелски комплекс кој ќе биде домаќин на хрватскиот фудбалски камп на Јувентус.

  • Прв термин: Од 30 јуни до 6 јули 2013
        • Втор термин: Од 7 јули до 13 јули 2013 (отворено и за девојчиња)

Фудбалските курсеви на програмата на Juventus Soccer School ќе бидат одржани од квалификувани тренери, дипломирани и со дозволи од Италијанската фудбалска федерација, а предаваат и на Јувентус Универзитетот.

Тренинзите ќе бидат формирани врз база на програма која ќе биде развиена во однос на возраста, нивото и способностите на секој млад учесник, со цел гарантирање на секој да има можност да го подобри своето техничко и тактичко знаење, следејќи го методот на Јувентус, без притоа да бидат лишени од забавата која ги нуди овој незаборавен одмор.

Програмата која ќе се примени за време на Кампот е од високо квалитетно ниво, секој тренинг е оддржан од тренер од Фудбалската школа на Јувентус, а на секои 12 учесници ќе им биде доделен по еден тренер!

За сите информации за учество, слободно пишете ни на fanclub@juventusmk.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!