Тука си: Почетна » Слајдер » Тутоспорт: Недвед и Рајола работат за враќање на Ибра во Јуве
Тутоспорт: Недвед и Рајола работат за враќање на Ибра во Јуве

Тутоспорт: Недвед и Рајола работат за враќање на Ибра во Јуве

Facebook Twitter

Како што е веќе добро познато, Златан Ибрахимовиќ и ПСЖ не се идеален пар. Тој – според Тутоспорт – сака веднаш да ги напушти Парижаните, а пред се’ францускиот шампионат. Причината лежи во тоа што тој тип на шампионат не го истакнува неговиот квалитет, а играњето пред 10-12 илјади публика за него се чини како тренинг. Од друга страна разнишан е односот со некои од неговите соиграчи и навивачите, на кои Златан им порача „Ми се чини дека клубов до сега нема освоено ЛШ, што сакаат па сега?“ – Истотака и ПСЖ не би сакал да му плаќа 12 милиони годишно на играч кој не е задоволен во таа средина.

- Сега дојдовме до главната поента, според торинскиот весник Тутоспорт, големите пријатели Павел Недвед и Мино Рајола, агентот на Ибра работат за трансфер на Швеѓанецот во старата дама. Се разбира, главниот предуслов за тоа е Ибра значително да ги намали своите економски претензии, затоа што 12 милиони годишна плата во Јуве е научна фантастика.

-
Го поддржувате евентуалното враќање на Ибра во Јуве?

2 коментари

  1. Belki nema da bide… kako prvo, Zlatan lesperski go napusti Juve posle calciopoli, sega ne zasluzuva da go nosi dresot…. drugo, veke koga doaga Llorente vo Juni, so eventualno doaganje na Ibra avtomatski ke gi iskluci Suares ili Sancez kako opciii, koi za mene kako pomladi i poprosperitetni napagaci ke bidat pokorisni za Juventus…..

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!