Тука си: Почетна » Вести » Станете член на Јувентус Фан Клуб Македонија!
Станете член на Јувентус Фан Клуб Македонија!

Станете член на Јувентус Фан Клуб Македонија!

Facebook Twitter

Седма година по ред како официјален фан клуб на Јувентус во Македонија објавуваме повик за обновување на членството и упис на нови членови за сезоната 2019/2020.

Како и сите претходни сезони така и оваа, членовите на “Juventus Official Fan Club Macedonia” имаат можност да купуваат карти во пред продажба за натпреварите на Јувентус од Серија А и Тим Купот на Италија кои се играат на домашен терен, а во Лигата на Шампионите за сите домашни и гостински натпревари.

Бесплатно е членството за оние кои имаат индивидуални членства – J1897 Membership или Black&White Membership (валидни до 30 јуни 2020), а единствено што треба да ни спратите се личните податоци и бројот на валидната картичка.
Висината на членството изнесува 2.000 денари и истото е со важност до завршувањето на сезоната 2019/2020.
• Годинава е задолжителна и италијанската тесера дел тифосо или попозната како навивачки пасош, кој изнесува 15€, доколку сакате да гледате некој меч на Јувентус.
Новите членови по уплататата, треба да ни ги испратат следниве податоци за регистрација: име и презиме (на латиница како во пасошот), датум и место на раѓање, број на пасош, адреса, контакт мобилен телефон, скенирана првата страна од пасошот (таа со сликата) и валидна е-маил адреса. Пријавата се заведува откако ќе биде извршена уплатата на сметката (превземи уплатница).
Сите членови задолжително мора да ја пополнат и следната форма (превземи тука) која треба скенирана (или сликана) да ни ја испратат на fanclub@juventus.mk
Постоечките членови откако ќе го уплатат износот за членството, задолжително да нè известат по пат на е-маил на fanclub@juventus.mk.
Со членството во Јувентус Фан Клуб Македонија добивате:
• Членска картичка од Јувентус со Ваше име и презиме
• Попуст од 10% во официјалните продавници на Јувентус (во Торино, Милано и Рим) + ваучер од 10 евра за он-лајн купување од веб продавницата на Јувентус – store.juventus.com
• Право на купување карти во предпродажба
• Попуст за посета на Јувентус арената
• Попуст за посета на Јувентус музејот
• 10% попуст на услугите достапни на www.jmedical.eu (во J-Medical)
• Можност за учество во “Walk About” турата – прошетка низ стадионот, соблекувалните и пречекување на играчите пред самиот натпревар
• Можност за учество на т.н. “Трето полувреме” (Terzo Tempo) – групна закуска и дружење по натпреварот, во просториите на Јувентус Арената заедно со 2-3 играчи на Јувентус и членови од целиот свет.
Во текот на следната сезона планирани се неколку организирани патувања во помали групи на натпревари на Јувентус во Торино како и некое гостување во Лигата на Шампионите.
За сите дополнителни информации околу членството можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk или во порака на оваа фан страна.
FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!