Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти: Јанг Бојс – Јувентус
Карти: Јанг Бојс – Јувентус

Карти: Јанг Бојс – Јувентус

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Јувентус Фан Клуб Македонија објавува понуда за карти за натпреварот од шестото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите помеѓу Јанг Бојс и Јувентус.

Натпреварот ќе се одигра во среда 12 декември 2018 во Берн со почеток од 21:00 часот.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до понеделник 05 ноември до 18:00 часот до кога треба да уплатите и за цената на картата во висина од 3.400 денари (55 евра).

За овој натпревар постои голем интерес и веќе имаме 7 пријавени членови кои имаат поднесено барање за карта. Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било какви причини се откажете, парите не се враќаат. Во цената на картата се вклучени дополнителни 5 евра поради провизијата за плаќањето на картите во Торино.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Берн.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи единствено за регистрираните членови за сезоната 2018/2019 и за оние кои ќе се регистрираат до истекот на рокот за пријавување. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!