Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти: Јувентус – Манчестер Јунајтед
Карти: Јувентус – Манчестер Јунајтед

Карти: Јувентус – Манчестер Јунајтед

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Јувентус Фан Клуб Македонија објавува понуда за карти за натпреварот од четвртото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Натпреварот ќе се одигра во среда 7 ноември 2018 во Торино со почеток од 21:00 часот.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до понеделник 8 октомври до 18:00 часот до кога треба да уплатите и резервација за картата во висина од 3.100 денари.

За овој натпревар досега имаме пријавено 5 членови кои планираат патување во Торино. Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било какви причини се откажете, парите не се враќаат. На цената на картата за натпреварот фан клубот наплатува дополнителни 5 евра поради провизијата за плаќањето на картите во Торино.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние можеме да ви помогнеме од нашето досегашно искуство.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи единствено за регистрираните членови за сезоната 2018/2019. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!