Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти: Јувентус – Џенова
Карти: Јувентус – Џенова

Карти: Јувентус – Џенова

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Јувентус Фан Клуб Македонија објавува понуда за карти за натпреварот од 9-тото коло од Серија А помеѓу Јувентус и Џенова.

Натпреварот ќе се одигра во сабота 20 октомври 2018 во Торино со почеток од 18:00 часот.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до среда 03 октомври до 18:00 часот до кога треба да уплатите и резервација за карта во износ од 3.100 денари.

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било какви причини се откажете, парите не се враќаат. На цената на картата за натпреварот фан клубот наплатува дополнителни 5 евра поради провизијата за плаќањето на картите во Торино.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи единствено за регистрираните членови за сезоната 2018/2019 и за оние ко ќе се зачленат до крајот на месец септември. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!