Тука си: Почетна » Вести » Карти: Манчестер – Јувентус
Карти: Манчестер – Јувентус

Карти: Манчестер – Јувентус

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Јувентус Фан Клуб Македонија објавува понуда за карти за натпреварот од третото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Натпреварот ќе се одигра во вторник 23 октомври 2018 во Манчестер со почеток од 21:00 часот.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до сабота 29 септември до 18:00 часот до кога треба да уплатите и за цената на картата во висина од 3.720 денари (60 евра).

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било какви причини се откажете, парите не се враќаат. На цената на картата за натпреварот фан клубот наплатува дополнителни 5 евра поради провизијата за плаќањето на картите во Торино.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Манчестер.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи единствено за регистрираните членови за сезоната 2018/2019 и за оние кои ќе се регистрираат до крајот на месец септември. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!