Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти: Валенсија – Јувентус
Карти: Валенсија – Јувентус

Карти: Валенсија – Јувентус

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Јувентус Фан Клуб Македонија објавува понуда за карти за натпреварот од првото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите помеѓу Валенсија и Јувентус.

Натпреварот ќе се одигра во среда 19 септември 2018 во Шпанија со почеток од 21:00 часот.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до понеделник 10 септември до 18:00 часот до кога треба да уплатите и за цената на картата во висина од 5.580 денари (90 евра).

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било какви причини се откажете, парите не се враќаат. На цената на картата за натпреварот фан клубот наплатува дополнителни 5 евра поради провизијата за плаќањето на картите во Торино.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Валенсија, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи единствено за регистрираните членови за сезоната 2018/2019. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!