Тука си: Почетна » Вести » Карти: Јувентус – Болоња
Карти: Јувентус – Болоња

Карти: Јувентус – Болоња

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Јувентус Фан Клуб Македонија објавува понуда за карти за натпреварот од 36-тото коло од Серија А помеѓу Јувентус и Болоња.

Натпреварот ќе се одигра во сабота 05 мај  во Торино со почеток од 20:45 часот .

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до четврток 19 април до 18 часот до кога треба да уплатите и резервација за карта во износ од 3.100 денари.

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било какви причини се откажете, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2017/2018. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!