Тука си: Почетна » Вести » Карти: Јувентус – Наполи
Карти: Јувентус – Наполи

Карти: Јувентус – Наполи

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Јувентус Фан Клуб Македонија објавува понуда за карти за натпреварот од 34-тото коло од Серија А помеѓу Јувентус и Наполи.

Натпреварот е предвидено да се одигра во недела 22 април  во Торино со почеток од 20:45 часот (датумот и времето на одигрување на натпреварот може да подлежат на промени).

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до понеделник 09 април до 18:00 часот до кога треба да уплатите и резервација за карта во износ од 3.100 денари.

За овој натпревар постои голем интерес и досега имаме неколку пријавени членови. Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доделувањето на картите се врши по системот на прв пријавен. Доколку по одобрувањето на картите од било какви причини се откажете, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи единствено за регистрираните членови за сезоната 2017/2018. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!