Тука си: Почетна » Вести » Карти: Финале Тим Куп
Карти: Финале Тим Куп

Карти: Финале Тим Куп

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

“Juventus Official Fan Club Macedonia” објавува понуда за карти за финалето од Тим Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан.

Натпреварот е предвидено да се одигра во среда 09 мај  во Рим со почеток од 21 часот. Датумот и сатницата на одигрување на натпреварот сеуште не се официјализирани и може да подлежат на промени.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до среда 28 март до 18 часот до кога треба да уплатите и резервација за карта во износ од 2.500 денари колку што изнесува и цената на картите.

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било кои причини се откажете од истите парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Рим, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2017/2018 и за сите оние кои ќе се зачленат до 28 март, пред истекување на рокот за барање за карта. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!