Тука си: Почетна » Вести » Карти: Реал Мадрид – Јувентус
Карти: Реал Мадрид – Јувентус

Карти: Реал Мадрид – Јувентус

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

“Juventus Official Fan Club Macedonia” објавува понуда за карти за реванш натпреварот од 1/4 финалето од Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Натпреварот ќе се одигра во среда 11 април  во Мадрид со почеток од 20:45 часот .

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до недела 25 март до 18 часот до кога треба да уплатите и резервација за карта во износ од 3.100 денари. Цената на картите се движи помеѓу 85 и 105 евра.

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по одобрувањето на картите од било кои причини се откажете од истите парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Мадрид.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2017/2018. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!