Тука си: Почетна » Вести » Карти за 1/2 финалето од Тим Купот на Италија
Карти за 1/2 финалето од Тим Купот на Италија

Карти за 1/2 финалето од Тим Купот на Италија

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

“Juventus Official Fan Club Macedonia” објавува понуда за карти за реванш натпреварот од 1/2 финалето од Тим Купот на Италија помеѓу Јувентус и Аталанта.

Натпреварот ќе се одигра во среда 28 февруари  во Торино.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до понеделник 29 јануари 2018 до 18 часот до кога треба да уплатите и резервација за карта во износ од 3.100 денари.

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по уплатата на износот од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2017/2018 и за оние кои ќе се зачленат пред истекот на рокот за барање на карта. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!