Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за натпреварот Јувентус – Барселона
Карти за натпреварот Јувентус – Барселона

Карти за натпреварот Јувентус – Барселона

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

“Juventus Official Fan Club Macedonia” објавува понуда за карти за натпреварот од 5-тото коло од Лигата на Шампионите помеѓу Јувентус и Барселона.

Натпреварот ќе се одигра во среда 22 ноември  во Торино со почеток од 20:45 часот .

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до недела 29 октомври 2017 до 18 часот до кога треба да уплатите и резервација за карта во износ од 3.100 денари.

Во случај да не добиеме доволен број на карти од Јувентус уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по уплатата на износот од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2017/2018 и за оние кои ќе се зачленат пред истекот на рокот за барање на карта. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!