Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Организирано патување на мечот Олимпијакос – Јувентус во Атина 05.12.2017
Организирано патување на мечот Олимпијакос – Јувентус во Атина  05.12.2017

Организирано патување на мечот Олимпијакос – Јувентус во Атина 05.12.2017

Facebook Twitter

Почитувани Бјанконери,

И оваа сезона на наша среќа повторно добивме противник во групната фаза од Лигата на Шампионите поволен за организирање  на уште едно заедничко патување, дружба и следење на мечот. По минатогодишното патување во Загреб против Динамо и она во 2014-та во Атина против Олимпијакос, годинава повторно ја посетуваме Атина, односно Пиреа, а противникот е веќе познат.

Патувањето е само за членови на фан клубот и цената на аранжамнот изнесува 80 евра (4.950 денари) со претпоставка дека цената на картата за мечот ќе биде 35 евра како минатото гостување.

ВАЖНА НАПОМЕНА: доколку цената на картата е повисока се доплаќа онолку за колку што е поскапа картата!!!

  • Уплата на прва рата и на некој начин резервација за место 50 евра (3.100 денари) најдоцна до 1 октомври 2017 година.
  • Уплата на втора рата (остаток од цената) најдоцна до 15 ноември 2017 година.
  • ВАЖНА НАПОМЕНА. ДОКОЛКУ СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД БИЛО КОЈА ПРИЧИНА ПОСЛЕ УПЛАТАТА НА ПРВАТА РАТА,ПАРИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ!!!

Тргнувањето за Атина е предвидено на 4 декември (понеделник) во 23.00 часот . Во Атина се пристигнува во претпладневните часови што значи дека ќе имаме неколку часови за разглед и прошетка низ центарот, пред да се упатиме на собирното место од каде заедно со сите навивачи од регионот и Италија се упатуваме на стадион. Тргнувањето за Скопје е околу полноќ, саат и половина по завршувањето на натпреварот.

Патувањето ќе се реализира со високо квалитетен туристички автобус.

Патувањето е наменето само за членови на “Juventus Official Fan Club Macedonia”. Зачленувањето за оваа сезона е во тек. Сите информации како да станете наш член ги имате на следниот линк: http://www.juventus.mk/?page_id=403.

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

21150997_10213905550453652_1681145271_n20141022_183211

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!