Тука си: Почетна » Вести » Како до карта за финалето во Рим?
Како до карта за финалето во Рим?

Како до карта за финалето во Рим?

Facebook Twitter

Почитувани членови,

Јувентус и оваа сезона, трета по ред, обезбеди пласман во финалето на Тим Купот на Италија каде за противник ќе ја има екипата на Лацио. Финалето од купот традиционално ќе се одигра на Олимпико во Рим, а конечниот датум сеуште треба официјално да се потврди, во зависност од настапот на Јуве во Лигата на Шампионите. Првично планираниот термин за одигрување на натпреварот е 2 јуни 2017 (петок), додека резервен термин за ова финале е 17 мај (среда).

За сите оние кои се заинтересирани за карти за овој натпревар, процедурата за аплицирање е следна:

  • Барање за карта може да поднесат единствено членовите на ДОК клубот кои се зачлениле, односно го обновиле своето членство за сезоната 2016/2017. Секој член може да поднесе барање само за 1 (една) карта.
  • Апликацијата за карта за финалето мора да ја испратите единствено преку мејл на fanclub@juventus.mk и истата треба да вклучува копија од уплата во износ од 3.100 денари (клик за уплатница). Барањата кои нема да содржат копија од уплатата или пак ќе бидат испратени како порака на фан страната или на некој од нашите приватни профили, нема да бидат земени во предвид.
  • Доделувањето на картите ќе се врши по принципот кој прв уплатил – тој добива карта, во зависност од бројот на карти кои ќе ни бидат доделени од страна на клубот.
  • Уплатата на резервација за карта не претставува никаква гаранција дека ќе добиете карта за натпреварот. Доколку не успееме да добиеме доволен број на карти, уплатените средства за резервација во целост ќе ви бидат вратени. Доколку по доделувањето на картата, од било кои причини се откажете од истата, парите не се враќаат.

Како што налагаат препораките и правилата на ДОК клубот од Торино, не се препорачува резервирање на авионски билети и сместување пред и официјално да ги добиеме картите од клубот и истите да ги распределиме според горенаведените критериуми.

Со Почит,

Јувентус ДОК Клуб Македонија
FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!