Тука си: Почетна » Вести » Алегри остро реагираше против критичарите на Јувентус
Алегри остро реагираше против критичарите на Јувентус

Алегри остро реагираше против критичарите на Јувентус

Facebook Twitter

Масимилијано Алегри смета дека околу Јувентус во многу погрешен момент и сосема непотребно се создава премногу негативна енергија. Бјанконерите минатото коло во Серија А и покрај отсуството и недоволната физичка подготвеност на неколку клучни играчи успеаа да останат непоразени на гостувањето во Наполи, а утре на “Сан Паоло“ ќе ги бранат домашните 3-1 од првиот ½ финален натпревар во купот на Италија.

“Во наредиов месец и половина во игра сме на сите три фронта: играме за финалето на Купот на Италија, имаме шанса да обезбедиме ½ финале во Лигата на Шампиони и моментално сме први во Серија А. Значи, што можеше тука да се направи повеќе?“ – револтирано прашува Алегри.

“Мислам дека е неопходно да ги гледаме работите од позитивна перспектива“ – додава тој. “Велите дека победата е императив и единствено нешто што се брои … а сепак често слушаме премногу непотребни критики. Овој тим играше неколку финалиња во минатите сезони, освоивме два домашни купа и Скудета, игравме во финалето од Лигата на Шапиони, а штом одиграме едно “реми“ веднаш сѐ се заборава. На крајот на денот, единствено важно е дека ги остваривме зацртаните цели за овој период поставени на почетокот на сезоната. Исто така, вистина е дека постојат противници против кои е тешко да се дојде до победа. Во текот на сезоната нормално е да има периоди на кои играте добро и моменти или натпревари на кои сте помалку добри. Важно е да имате јасни цели“ – вели стратегот на Старата Дама.

Напредокот на клубот е видлив во секој сегмент. “Овој тим расте, не само во Италија, но пред се и на европско ниво и мислам дека тоа е и најважно без оглед на освоените Скудета. Јувентус е повторно таму каде што припаѓа – респектиран тим во врвот на Европа, и тоа е најзначајното. И повторно слушам дека има некои кои велат – и тука ќе завршам – дека Јувентус изгубил шест или седум финалиња во Европа…. Но, ако гледате од другата страна на паричката и кажете дека Јувентус успеал да дојде до девет европски финалиња, тогаш тоа е друга работа и исто така значаен показател за континуирана и долгогодишна успешност и големина.“

Извор: Around J
Превод: Крсте Данаилов

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!