Тука си: Почетна » Вести » Џиџи Буфон: 39.681 легендарни минути одиграни за Јувентус
Џиџи Буфон: 39.681 легендарни минути одиграни за Јувентус

Џиџи Буфон: 39.681 легендарни минути одиграни за Јувентус

Facebook Twitter

Човекот кој е апсолутен рекордер во Јувентус по одиграни минути (39,681), легенда и симбол на целиот италијански фудбал – Џиџи Буфон. Со своите 39 години  се’ уште е еден од најдобрите помеѓу стативите, без разлика што не е повеќе младо момче. Голманот на Бјанконерите, во едно интервју го отвори срцето и прераскажа неколку моменти од неговата кариера и од неговиот живот: „Еден голман треба да биде мазохист, како улога може да биде споредувн и со судијата. Има моќ да командува, но се што може е да прими гол, не може да постигне, и мора да ги трпи постојаните критики и навреди. Психологијата треба да ја проучува оваа толку контрадикторна улога голманите. За мене да направам кикс е вистински шок. Ми требаат денови за да се вратам во нормала. Им задивувам на оние што прават повеќе грешки, за нив не е толку голем шокот…

17361527_1307021362719129_4946690226576169717_n

- Италијанските управи на клубовите се намалуваат, Рома е на Американците, миланзите на Кинезите… кутра Италија. Тоа е пораз за нашиот фудбал и нашата традиција“… Од актуелностите се префрла на муабетот за неговото детство: „Јадев толку многу мортадела и гумени бомбони што вистинско чудо е како не се здебелив. Мојата кариера ќе беше невозможна“ Дури и шампион како Буфон имал црни моменти во својот живот, пред се’ се борел со депресијата: „Беше клучно да не почнам да земам апчиња. Оставив се’ на мојата судбина, без да зависам од медикаменти“.

Му недостига само Лигата на Шампиони за орманот да биде полн со сите трофеи: „Со години се прашувам што е тоа што ме придвижува и мотивира да продолжам да играм.. оваа внатрешна битка ми носи силна мотивација. Ако ја имав освоено Лигата на Шампиони ќе бев испразнет, вака сум многу мотивиран!“ – истакна легендарниот Џиџи

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!