Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за натпреварот Јувентус – Порто
Карти за натпреварот Јувентус – Порто

Карти за натпреварот Јувентус – Порто

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Понуда за карти за вториот 1/8 финален натпревар во Лигата на Шампионите помеѓу Јувентус и Порто.

Натпреварот ќе се одигра во вторник 14.03.2017 година во Торино со почеток од 20:45 часот .

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до недела 22 јануари до 20  часот до кога треба да уплатите и резервација за картата во износ од 3.100 денари.

Во случај да не успееме да добиеме доволен број на карти од Торино, уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по уплатата на износот, од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2016/2017 и за оние кои ќе се зачленат пред истекот на рокот за барање на карта. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!