Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за натпреварот Лион – Јувентус
Карти за натпреварот Лион – Јувентус

Карти за натпреварот Лион – Јувентус

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Координативниот Центар на фан клубовите од Торино ни испрати понуда за карти за натпреварот од 3-тото коло од Лигата на Шампионите помеѓу Лион и Јувентус.

Натпреварот ќе се одигра во вторник 18.10.2016 година во Лион со почеток од 20:45 часот.

Рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до сабота 01 октомври до 20  часот до кога треба да ја уплатите и цената на картата која изнесува 3.400 денари (55 евра).

Во случај да не успееме да добиеме доволен број на карти од Торино, уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по уплатата на износот, од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Лион.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2016/2017. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!