Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за натпреварот Јувентус – Сасуоло
Карти за натпреварот Јувентус – Сасуоло

Карти за натпреварот Јувентус – Сасуоло

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Координативниот Центар на фан клубовите од Торино ни испрати понуда за барање на карти за натпреварот од 29-тото коло од Серија А помеѓу Јувентус и Сасуоло.

Натпреварот ќе се одигра во петок 11.03.2016 година во Торино со почеток од 20.45 часот.

За сите оние кои се заинтересирани, рокот за пријавување и поднесување на барање за карта е најдоцна до среда 24 февруари до 20  часот до кога треба да уплатите и резервација за картата во износ од 3.100 денари.

Во случај да не успееме да добиеме доволен број на карти од Торино, уплатената сума за резервација на картата во целост ќе ви биде вратена. Доколку по уплатата на износот, од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи исклучиво за регистрирани членови за сезоната 2015/2016. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!