Тука си: Почетна » Вести » Ремек дело на трансфер гуруата од Јувентус
Ремек дело на трансфер гуруата од Јувентус

Ремек дело на трансфер гуруата од Јувентус

Facebook Twitter

За оние кои сеуште не ги знаат вредностите на „позадинската“ работа на клубот, еве еден одличен пример за способноста на Марота и Паратичи.

По обезбедувањето на Мандрагора и Сенси (во соработка со Сасуоло), перспективните таленти на Италија, во овој зимски преоден рок следи случајот со младиот Мбаје Диање (Mbaye Diagne), напаѓач роден во Сенегал. Јувентус летото во 2013 го обезбеди потписот на овој талент (роден 1991 г.), тогаш опишан од некои медиуми како „новиот Балотели“, за 30.000 ЕУР.

Потоа следеа позајмици во Лирсе (Белгија), Ал Шабаб (Саудиска Арабија), за повторно во 2015 да стигне во Вестерло (Белгија), од што се присобраа 400.000 ЕУР.

Во 2015 следи позајмица во Ујпешт (Унгарија), со опција за 50% од сите негови следни продажби. Унгарците сега ќе го продадат играчот на Спортинг од Лисабон, за 1.5 милиони ЕУР, од кои на Јувентус им следува 750.000.

Кога ќе се собере со претходните приходи од позајмиците, вкупно 1,15 мил ЕУР профит за Јувентус со вложени 30.000, за помалку од 3 години.

FORZA MAROTA&PARATICCI

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!