Тука си: Почетна » Вести » Марота: “Видал побара да замине”
Марота: “Видал побара да замине”

Марота: “Видал побара да замине”

Facebook Twitter

На денешната прес конференција во Виново која го означи стартот на подготовките на Јувентус на која зборуваа Алегри и Марота, неизбежно прашање беше заминувањето на Артуро Видал кое деновиве е топ тема во клубот.

Запрашан за трасферот на Артуро во Баерн, Марота изјави:

Секогаш нагласувавме дека нe ги продаваме нашите најдобри фудбалери сè додека самите тие не го побараат тоа. Карлос Тевез побара да се врати во Аргентина, а Пирло одлучи дека сака ново искуство во кариерата. Огбона побара да има поголема минутажа, а Видал исто така беше запрашан пред состанокот со Баерн.”

Артуро ми потврди дека сака едно поинакво искуство и промена во неговата кариера. Германците му понудија петгодишен договор што е доста значајно за неговата кариера.” – истакна Марота.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!