Тука си: Почетна » Вести » Геце: Јуве е голем, голем клуб! (видео)
Геце: Јуве е голем, голем клуб! (видео)

Геце: Јуве е голем, голем клуб! (видео)

Facebook Twitter

По заминувањето на Артуро Видал во Баерн Минхен кое треба да се официјализира во следните денови, бјанконерите тргнуваат во офанзива по фудбалер кој ќе го замени чилеанецот на позицијата ‘trequartista’ на која и најчесто настапуваше во минатата сезона.

Прва цел на челниците на Јуве е германскиот репрезентативец и фудбалер на Баерн, Марио Геце. Иако на 23 годишна возраст, Геце има огромно искуство зад себе, освојувајќи го Светското првенство со репрезентацијата на Германија минатата година, на четири пати ја освојуваше Бундес лигата (по два пати со Борудија Дортмунд и Баерн Минхен), а има и едно финале во Лигата на Шампионите со Борусија Дортмунд.

Цената на фудбалерот е над 40 милиони евра, нешто што би било пречка за неговиот трансфер во Јувентус, но Марота и Паратичи не се откажуваат така лесно и прават напори за негово доведување во Торино во новата сезона.

Во денешното интервју кое го имаше за goal.com, самиот фудбалер со низа пофални зборови за екипата на Јувентус.

Јувентус не случајно играше во финалето од Лигата на Шампионите, тие имаа одлична сезона. Тие успеаја да освојат титули изминатата година и навистина се голем, голем клуб.”

И покрај тоа, Геце со насмевка на лицето изјавува дека нема што да се каже за можниот негов трансфер во Јувентус, барем засега.

Во моментов не сакам ништо да коментирам, бидејќи нема што да се каже … засега :) . Мислам дека играњето во странство би можело да биде добро искуство за мене: нов јазик, нова култура. Би ми се допаднало тоа. Но, сеуште сум во рана фаза од мојата кариера и ќе видиме што ќе донесе иднината.” – заврши Геце.

Извор: goal.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!