Тука си: Почетна » Вести » Храброст за почеток на нов победнички циклус
Храброст за почеток на нов победнички циклус

Храброст за почеток на нов победнички циклус

Facebook Twitter

Управата на Јуве е храбра и мудра, а тоа го докажа лани продавајќи го Имобиле и доведувајќи го Мората. Марота и Паратичи имаат храброст да прават непопуларни трансфери, бидејќи да се продаде еден идол како Видал е операција која нема да биде лесно прифатена, со оглед на тоа што Чилеанецот е миленик на публиката, а особено е копмплицирано после заминувањето на Тевез и Пирло.

Управата на Бјанконерите знае што треба да се прави, а особено знае дека штом се продава Видал, сега е правиот момент, откако ја освои Копа Америка, а не следната година кога ќе има уште една година од договорот (до 2017) и вредноста ќе му биде преполовена. Оваа управа е способна и свесна дека откако ќе го продаде Кралот, неговите замени се спремни – тука е Переира кој мора да игра повеќе, а истотака и Стураро кој заслужува повеќе простор.

Успесите на клубовите се движат во циклуси. Овој циклус се ближи кон крајот и неопходни се промени и нови мотивирани играчи за да се продолжи на победничките патеки. Базата на носителите на играта останува (Буфон, Киелини, Бонучи, Барѕаљи, Маркизио…), а новите едвај чекаат да почнат да освојуваат!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!