Тука си: Почетна » Вести » Благодариме Карлитос! Ова се деталите од целата ‘операција’
Благодариме Карлитос! Ова се деталите од целата ‘операција’

Благодариме Карлитос! Ова се деталите од целата ‘операција’

Facebook Twitter

Она што одамна се најавуваше денес доби и официјална потврда од клубот. Карлос Тевез по две сезони го напушта Јувентус и преминува во екипата на Бока Јуниорс.

Желбата на фудбалерот за враќање во својата татковина беше главниот мотив за овој трансфер и покрај тоа што имаше уште една година важност од договорот со Јувентус. Сепак, се чини дека Тевез премногу рано се одлучи за враќање во Аргентина бидејќи со настапите во црно-белиот дрес во изминатите две сезони покажа дека има уште многу да понуди во најдобрите натпреварувања ширум Европа.

Според договорот помеѓу двата клуба, Бока Јуниорс ќе му плати на Јувентус 6.5 милиони евра за трансферот на Тевез. Од друга страна, бјанконерите привремено до 30 јуни 2017 година ќе го добијат 18 годишниот Гуидо Вадала за што ќе платат 3.5 милиони евра, со можност за откуп на неговиот договор за сума од 9.4 милиони евра, опција која можат да ја искористат до 20 април 2017 година.

Бјанконерите исто така од сезоната 2017/2018 ќе имаат предност за откуп на договорите на уште тројца фудбалери на Бока Јуниорс: Родриго Бентакур (Rodrigo Bentancur Colman), Франко Кристалдо (Franco Sebastián Cristaldo) и Андрес Кубас (Adrián Andrés Cubas). За секој од тројцата фудбалери Јувентус ќе плати по 1 милион евра само за можноста за привилегиран откуп, додека трансфер цената за секој поединечно би иснесувала 9.4 милиони евра за Бентакур, 8.2 милиони евра за Кристалдо и 6.9 милиони евра за Кубас.

Кога на крајот ќе се соберат сите овие бројки, Јувентус добиените 6.5 милиони евра ќе ги плати на Бока за позајмицата на Вадала (3.5 милиони) и 3 милиони за опцијата за откуп на останатите тројца фудбалери. Тоа се совпаѓа со неодамнешната изјава на претседателот на аргентинскиот клуб дека тие нема да платат ниту евро за трансферот на Тевез. Позитивно во целата операција за Јуве е можноста за понатамошен ангажман на еден од овие ‘бисери’ на аргентинскиот фудбал.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!