Тука си: Почетна » Вести » Липи: “Новиот Јувентус уште посилен од предходно”
Липи: “Новиот Јувентус уште посилен од предходно”

Липи: “Новиот Јувентус уште посилен од предходно”

Facebook Twitter

Поранешниот тренер на Јувентус и освојувач на светската круна со аѕурите даде свој осврт на досегашниот дел од преодниот рок во Италија.

Липи со низа пофални зборови за активноста на бјанконерите на трансфер пазарот и за фудбалерите кои го засилија актуелниот италијански шампион.

“И покрај тоа што и останатите екипи беа активни на трансфер пазарот што е знак за нивно будење, сепак Јуве го имаше главниот збор тука – иако нив најмалку им беше потребно тоа.”

“Тоа ја потврдува способноста на клубот за планирање однапред со јасни идеи. Во Јувентус се навикнати за обновување на тимот дури и по успех и победување.” – истакна искусниот стратег.

Тој се наврати на периодот во 2001-та година кога по враќањето во клубот, челниците се решија да го продадат тогаш најдобриот светски фудбалер, Зинедин Зидан.

“Се сеќавам по враќањето во Јуве во 2001-та, ми се јави Умберто Ањели и ми рече – ‘Мораме да го продадеме Зинедин Зидан’. Во тој момент не се чувствував добро, но тој ми кажа дека во клубот се спремни да ги реинвестираат заработените пари од тој трансфер. Со тие пари потоа ги доведовме Џиџи Буфон, Лилиан Турам и Павел Недвед, што и не беше така лошо.”

Мистер Липи со збор-два и за новите засилувања на бјанконерите за новата сезона.

“Сами Кедира е освојувач на Светското првенство со огромно искуство. Пауло Дибала има фантастични трикови и кога физички ќе зајакне можеме да очекуваме големи нешта од него. Марио Манџукиќ е тип на централен напаѓач кој му недостигаше на Јуве, поради тоа што има поголемо чувство за гол од Фернандо Љоренте. “

“Симоне Ѕаѕа многу ми се допаѓа бидејќи има добро движење и може да најде доста простор помеѓу противничката одбрана. Доаѓањето на Даниеле Ругани потврдува дека Јуве е главниот извор на фудбалери за националниот тим на Италија. Тоа е исто така причина зошто тие победуваат, бидејќи чувството за припадност и идентитет се од фундаментално значење.” – заврши Липи.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!