Последниве денови низ медиумите има милион варијанти за иднината на Пол Погба.Денес потпишува за Барса,утре не,оди во ПСЖ,после тоа Манчестер Сити понудиле енормна сума пари…Конечно и самиот Погба со изјава.
“Деновиве читам исто што и Вие.Еден ден одам во Барса, друг ден во ПСЖ.Но никој не знае што точно му реков на агентот.Горд сум што сум дел од Јувентус.
Освоивме два трофеа, изгубивме финале во ЛШ.Но нема тоа така лесно да го оставиме.Гладни сме,знаеме колку ни се можностите и сакаме да напредуваме.
Пресреќен сум што учев од соиграч како Пирло, секоја година сум се подобар и подобар.”-заврши Погба.
Сега за сега Погба останува Бјанконер,иако до крајот на преодниот рок ќе го преселат уште неколку пати низ Европа.