Тука си: Почетна » Вести » “Јуве мора да ја отстрани клаузулата од договорот на Мората”
“Јуве мора да ја отстрани клаузулата од договорот на Мората”

“Јуве мора да ја отстрани клаузулата од договорот на Мората”

Facebook Twitter

Џузепе Боцо, адвокатот кој беше ангажиран од Јувентус во преговорите со Реал Мадрид за трансферот на Алваро Мората во Торино, излезе со свое мислење околу клаузулата во договорот на шпанскиот напаѓач.

Мојата задача беше да го доведам Алваро во Торино, додека неговиот татко работеше на деталите од договорот.”

Ситуацијата е сложена. Мислам дека следниот чекор кој треба да го направи Јувентус се нови преговори за отстранување на клаузулата од овој договор.” – истакна Боцо.

Според договорот помеѓу двата клуба, Реал Мадрид има право на откуп на договорот на Мората за 30 милиони евра во 2016-тата, односно 35 милиони евра во 2017-тата година. Бјанконерите за трансферот на Мората платија 20 милиони евра минатото лето.

Желбата на фудбалерот исто така ќе има влијание тука, но доколку Јувентус сака да се фокусира на Алваро во следните 8-10 години, мора да излезе како победник со оваа клаузула. Важно е да се напомене дека очигледно вредноста на Мората веќе помина далеку над 35 милиони евра уште по првата сезона помината во дресот на Јуве.” – заврши Боцо.

Според последните непотврдени информации, од Јувентус планираат ‘бришење’ на оваа клаузула со дополнителни 8 милиони евра кои би ги платиле на кралскиот клуб.

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!