Тука си: Почетна » Колумни » МАКЕДОНЦИ ќе има и во Берлин !!!
МАКЕДОНЦИ ќе има и во Берлин !!!

МАКЕДОНЦИ ќе има и во Берлин !!!

Facebook Twitter

13 мај, 2015 година. Реванш полуфинален меч од Лигата на Шампионите на Сантијаго Бернабе во Мадрид помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

3018 километри далеку од Бернабе, во Скопје, во Галери Кафе, стандардна слика. 60+ луѓе во црно-бели дресови и маички, кои чекаат 12 години да го видат својот клуб Јувентус пак во Финалето од Лигата на Шампионите. Прво полувреме резултат кој не ни оди во прилог и кој ни кажува “збогум финале”. По некоја провокација од некој случаен фан на полувремето, но сите мирни го чекаме вториот дел. Почнува второто полувреме. Сите со надежите пак за финале. Дојде моментот. Мадридското дете Мората, погодува за 1-1. До крајот, тахикардии, пцовки, нервози… 22 часот и 35 минути, се слуша последното свирче на судијата и си викам “тоа е тоа, ти се исполни сонот, ќе го гледаш Јувентус во живо во Финале од Лигата на Шампионите!!!”.Одма следеше резервација на авионска карта и на хотел за преспивање.

3-4 дена следи нервоза, од Торино не јавуваат ништо за картите. Kако и да е, авионоската карта е купена, се оди за берлин без разлика на се. Магијата на финалето мора да се осети, макар и пред стадионот.

Следниот ден, ШОК!!! Карти се набавуваат преку  некоја туристичка агенција, и тоа само како пакети (карта, авионска карта и хотел), со цени до небо кои достигнуваат и до 1500 евра. Карти можат да купат само членовите со сезонска карта за Јувентус Арената. Разочарување ОГРОМНО.

Нема откажување. Се бара карта по сите можни канали, Италијани пријатели на фејсбук. Се читаат сите форуми и портали поврзани со Јувентус, сите гневни на управата на Јувентус за лошата организација.

Потоа следи, следната фаза,карта можат да купат само Premium Member и j1897 Members. Не сум ни едното,ни другото. Тука следи постојана комуникација со Коста, Македонец кој живее во Милано, огромен навивач и ретко кога пропушта меч на Јувентус, без разлика на Италија или Европа. Почнува продажбата, серверот цел ден паѓа, класика – „Италијанска работа“. Дури вечерта накај 00 и 35 минути по полноќ успеваме да аплицираме за две карти. Не е се готово. Се чека телефонски повик од Торино за потврда на картите. Пак ден-два нервози. Додека седам на работа, ми ѕвони мобилниот, гледам Коста Милано. Ми се тресат рацете. кревам и од таму слушам на цел глас “C’e ne andiamo a Berlino!!!!!” Готово, ОДИМЕ!!!!

Наредното попладне од DOC централата ни потврдуваат уште 2 карти. 18 луѓе чекаат да видат картата кај кого ќе оди. По пат на лотарија ги извлековме добитниците. Фрањо од Скопје и Баже од Охрид ќе ми прават друштво во Берлин. Заедно ќе пиеме пиво, заедно ќе ја претставуваме МАКЕДОНИЈА, заедно ќе го бодриме Јувентус. Се надевам и ќе се вратиме со титулата!!!

Таму ќе не чека и Борче, Македонец кој живее во Германија со неговата девојка. Ќе дојде и веќе споменатиот Коста од Милано, а се надеваме дека ќе сретнеме уште некој Македонец. Ќе го развееме Македонското знаме да видат сите дека Јувентус има фанови и во “таа” Македонија.

Се надевам и на телевизија ќе го покажат нашето знаме макар и на 1 секунда.

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!!!

Ивица Петровски

еден од основачите на Juventus DOC Club Macedonia

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!