Тука си: Почетна » Вести » 30 години од трагедијата Хејсел
30 години од трагедијата Хејсел

30 години од трагедијата Хејсел

Facebook Twitter

На денешен ден во 1985 година се случи трагедијата на стадионот Хејсел во која 39 луѓе (претежно Јувентини од Италија) го загубија својот живот.

„Никој на умира вистински, ако продолжи да живее во срцето на оној што останува, засекогаш“

„Никој на умира вистински, ако продолжи да живее во срцето на оној што останува, засекогаш“

Еден час пред почетокот на финалето од тогашниот Куп на Шампиони (денешна Лига на Шампиони) помеѓу Јуве и Ливерпул се случи стампедо, кое беше предизвикано кога група на навивачи на Ливерпул ја преминаа заштитната ограда која ги делеше со неутралниот дел од трибината, на која седеа претежно Италијанци. Луѓето во паника, бегајќи биле притиснати до еден од ѕидовите на стадионот кој се срушил, а при тоа 39 луѓе во апсурден сплет на околности го загубија сопствениот живот. Почетокот на натпреватот беше одложен, но сепак под директива на УЕФА, се одигра. Фудбалерите несвесни за големината на трагедијата и за бројот на жртвите, го одиграа најцрното финале во историјата на фудбалот на кое победи Јуве со редултат од 1:0, со голот на Платини од пенал.

120928024342-football-heysel-platini-horizontal-large-gallery

Причините за одигрувањето на натпреварот, УЕФА тогаш ги образложила со изговорот дека така би се спречила уште поголема трагедија, поради можната опасност од освета на италијанските фанови. Сведоштвата од поранешните играчи на Јуве говорат дека тие биле свесни за ужасот дури по моментот кога се качиле во клубскиот автобус при заминувањето од стадионот.

heysel2

Тогашниот тренер, Трапатони, изјавува дека тоа е најцрниот ден во неговата кариера, а сликата од наредените тела на паркингот ќе го прогонува до крајот на животот.

Жестоки критики стигнуваа од сите страна на сметка на организаторите на натпреварот, како и на локалните полициски сили кои се покажале како неспособни во таа ситуација.

30 години подоцна, се уште живее споменот за 39-те жртви на оваа голема трагедија. Јувентус и Ливерпул секоја година се сеќаваат на овој настан со желба никогаш повеќе да не се повтори.

СЛАВА ИМ!

150528133435-juventus-heysel-tribute-2-exlarge-169

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!