Тука си: Почетна » Вести » Изјави » Недвед: Барселона се фаворити
Недвед: Барселона се фаворити

Недвед: Барселона се фаворити

Facebook Twitter

Директорот на Јувентус Павел Недвед е уверен дека Барселона се големи фаворити во натпреварот од финалето на Лигата на Шампионите, но дека сепак и неговиот тим има големи шанси за победа.

Инаку, Недвед кој беше дел од  тимот на Јувентус кој последен пат стигна до финалето во Лигата на Шампионите во 2003 година објаснува дека најголем страв му предизвикува екстра талентираното напаѓачко трио на Барселона сочинето од Меси, Суарез и Нејмар.

“Јас сум суеверен, па морам да кажам дека Барселона се големи фаворити”, изјави Недвед за Isport Blesk.

“Улогата на фаворит често пати знае да создаде контра ефект бидејќи на на некој начин создава притисок за фаворитот и мислам дека тука е нашата најголема шанса”.

“Секој тим кој поседува такво напаѓачко трио е исто како да го започнал натпреварот со 2 па и повеќе погодоци. Тие се толку талентирани што е едноставно е премногу тешко да ги сопрете”.

“Барса има одличен напад но од друга страна ние знаеме да се браниме многу добро, a покрај тоа она што би сакале да го постигнеме е да им создадеме проблеми во одбраната”.

“Она што не смееме да го дозволиме е да бидеме пасивни и да и ја препуштиме иницијативата на Барса. Едноставно тоа е нивната игра и мораме да ги оневозможиме во остварувањето на таа цел. Покрај тоа мораме да бидеме и доста внимателни бидејќи во спротивно епилогот нема да биде оној посакуваниот”.

Чешкиот интернационалец во својата изјава се осврна и на емоциите кои ги имал како играч и на оние кои ги чувствува во моментов како дел од управата на “Старата Дама”, како и на промените низ кои поминаа бијанконерите во изминатите неколку години.

“Да бидам искрен, сега во мене има многу повеќе емоции. Кога сте директор повеќе ја чувствувате вредноста на клубот”.

“Кога играв едноставно знаев што треба да правам и во голема мера емоциите ги искажував на теренот. Сега е сосема поинаку сега се чувствувам одговорен за целиот тим”.

“Освојувањето на Лигата на Шампионите би ми било од огромна важност. Искрено не очекувавме да стигнеме до тука, но заслуживме”.

“Јувентус направи драстични промени во последните пет години, а доказ за тоа е фактот што се вративме во врвот на италијанскиот фудбал”.

“Би рекол дека во Италија сме доминантни, но во Европа тоа не е толку лесно. Оваа година навистина стигнавме многу далеку во Лигата на Шампионите но сепак би потенцирал дека во моментов во Европа има три до четири екипи кои се посилни од нас. Се уште имаме доста работи кои треба да ги сработиме”.

 

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!