Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за Серија А: Јувентус – Фиорентина
Карти за Серија А: Јувентус – Фиорентина

Карти за Серија А: Јувентус – Фиорентина

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Координативниот Центар од Торино ни испрати понуда за барање на карти за напреварот од 33. коло на Серија А помеѓу Јувентус и Фиорентина.

Натпреварот ќе се одигра во среда 29.04.2015 со почеток од 20.45 часот.

Резервација на карта се врши со уплата на аконтација од 3.100 денари како на приложената уплатница(клик). Доколку по објавувањето на цените на картите, цената на влезницата ја надминува уплатената сума, потребно е да извршите дополнителна уплата за разликата во цената.

Рокот за пријавување е недела 19.02.2015 до 12:00 часот до кога треба и да го уплатите износот.

Доколку по уплатата на износот, од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз до Торино и сместување, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи само за регистрирани членови за сезоната 2014/2015. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!