Тука си: Почетна » Вести » Марота и Паратичи остануваат во Јувентус
Марота и Паратичи остануваат во Јувентус

Марота и Паратичи остануваат во Јувентус

Facebook Twitter

Официјалното соопштение за продолжувањето на договорите со Џузепе Марота и Фабио Паратичи се очекува следната недела.

Стигнуваат вести дека Бјанконерите веќе ги договориле продолжувањата на договорите со поголемиот дел на најбитните позиции во административниот дел на клубот, почнувајќи со генералниот директор Марота и спортскиот директор Паратичи.

Во вторник се игра првиот натпревар од дуелот во четврт-финалето од Лигата на Шампионите со Монако, а Tuttosport и Gazzetta веруваат дека договорите ќе бидат официализирани веќе следниот ден, во среда.

Со ова продолжува партнерството кое до сега ни обезбеди три Скудети (со четвртото на повидок н.з.), што е голем успех, бидејќи клубови како Тотенхем, Милан и ПСЖ будно ја следеа состојбата на Паратичи.

Иако при доаѓањето во клубот беа критикувани за својата работа, овој двоец доби целосна подршка од сите фанови на Јувентус, но и кај поширокиот дел од италијанските фудбалски стручњаци, особено за нивните неверојатни потези кои практично без пари ги донесоа Пирло и Погба во Јувенутс.

Нови договори ќе добијат и други позиции од хиерархијата на клубот, како Стефано Брагин и Федерико Черубини, директорите на младинскиот тим, како и Џанлука Песото.

Sky јавува дека Марота и Паратичи веќе ставиле потпис на три-годишните договори, и дека се чека само официјалното соопштените.

 

Извор: football-italia.net

 

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!