Тука си: Почетна » Вести » Кога сонот станува јаве – Организирано патување Јуве – Емполи
Кога сонот станува јаве – Организирано патување Јуве – Емполи

Кога сонот станува јаве – Организирано патување Јуве – Емполи

Facebook Twitter

Сончевото четврточно утро го најавуваше добриот помин на македонската делегација која отпатува во Торино на натпреварот Јувентус – Емполи.

Се собравме од многу градови (Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Струга, Битола, Велес, Кавадарци, Демир Хисар, Берово, Струмица, Радовиш…), се товаривме во автобусот и од „коцката“ кај Холидеј Ин хотелот во Скопје ја почнавме нашата авантура. Возбудата беше видлива на сечие лице, а поготово изразена кај оние кои никогаш не ја почувствувале магијата на Јувентус во живо. Патот долг – 1600км извозени за 22 часа, со по некоја пауза за кафе и размрдување.

11083943_10206324088891830_1089899513790097781_o

Пристигнавме во прекрасното Торино во петокот наутро околу 10 часот, и веднаш се упативме во хотелот, каде нè пречека љубезен персонал предводен од Лилијана. Ги оставивме торбите, а следната дестинација беше кон Храмот – Јувентус Стадиум! Првата глетка на стадионот ги забрза пулсовите на сите, а насмевката беше присутна на сечие лице. Веднаш отидовме во Ареа 12, каде е сместен и големиот фан шоп – дизниленд за секој Јувентино. Се слушаат комнтари од типот „овде се доаѓа со 1000 евра и се оди дома пешки“. Се купуваа дресови, шалчиња, тренерки, маички… Го посетивме и Јувентус Музејот кој забележа рекордна посетеност тој викенд, а истотака учествувавме на организираните разгледувањa на стадионот.

Се вративме во хотелот да одмориме малку, а попладнето го искористивме за прошетка низ Торино. Piazza Vittorio Venetto и Piazza Castello (Пјаца кај Стево) пленеа со својата убавина и автентичност. Убавите италијанки беа тука истотака!

11149786_10206131561390571_84139026387208884_o

Полека се наближуваше и денот на натпреварот. По прошетката низ Торино, влеговме на стадионот, се сместивме на својата CURVA MACEDONIA и започна магијата Јувентус. Се најавија составите и почна Storia di un grande amore која ја испејавме во еден глас. Натпреварот ја доби својата димензија со прекрасниот гол на Тевез токму пред нашата трибина, а радоста беше неизмерна. Мечот рутински поминува, Drughi пејат победнички песни веднаш до нас, а победата ја завери Переира со својот гол.

11080721_10206131543070113_2026469180953465560_o

Помина мечот и веднаш отидовме во салата EST GOLD веднаш под гостинската трибина, каде беше закажано TERZO TEMPO (трето полувреме). Тоа всушност е коктел вечера на која доаѓаат 3-4  играчи и се дружат со присутните, а има и сликање, автограми… На овој настан имаат право да присуствуваат исклучиво членови на ДОК клубови како што е нашиот. -Влеговме во салата заедно со останатите 90-ина среќници, а таму нè пречека секогаш шармантната Фјамета (координатор на ДОК клубовите). Тркалезни маси наредени со мезе и келнери кои „летаат“ наоколу. Нашата маса беше препознатлива по тоа што имаше најмногу чаши на неа. Откако се сместивме беше најавен и првиот играч кој ќе нè дружи – КВАДВО АЗАМОА! Општа радост и скандирање на неговото име, а тој со срамежливата насмевка пријателски нè поздрави сите. Се сликавме и додека се потпишуваше на навивачките реквизити, одеднаш ете го најдобриот италијански дефнизивец како се појавува од вратата – ЏОРЏОНЕ КИЕЛИНИ! Тука веќе настана општ делириум, неверување и овации. Киелини за разлика од Азамоа делуваше помалку срамежливо и исклучително пријателски се поздрави со сите, Giorgione sei un grande, grande Chiello, Giorgio uno di noi се слуша во салата, а додека доаѓаа со Азаомоа кај македонските маси, Фјамета им кажува „дечкиве се дојдени од Македонија за да ве гледаат“.

Го поздравивме Азамоа кој си замина, а го пречекавме уморниот СТЕФАНО СТУРАРО кој настапи на натпреварот. Новиот играч на Јуве исто како и своите постари колеги, ни посвети дел од своето време на сите, а не недостасуваа и сликите и автограмите. Во салата беше присутна и госпоѓата Ширеа (сопругата на легендарниот Гаетано Ширеа и претседател на ДОК здружението на фан клубови) која истотака беше расположена за ред муабет и по некое селфи. Наближувше полноќ, го испративме Киелини кој ни посака Среќен Велигден, а по него и Стураро. Заврши настанот, а ние сè уште под импресии и несвесни за тоа што ни се случи си тргнавме назад кон хотелот. Утрото беше резервирано за тргнување назад кон Скопје.

Сè на сè поминавме прекрасни 5 дена во одлична атмосфера, со многу дружба и незаборавни спомени кои ќе ги памтиме засекогаш. Се заблагодаруваме до сите оние кои беа присутни за нивната доверба и за тоа што беа одлична група за организирање на ова патување.

До следното патување – FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!