Тука си: Почетна » Вести » Насри, Џеко плус пари за Погба???
Насри, Џеко плус пари за Погба???

Насри, Џеко плус пари за Погба???

Facebook Twitter

Манчестер Сити се спремни да ги понудат Самир Насри, Един Џеко и одреден износ на пари за играчот од средниот ред на Јувентус Пол Погба, објавуваат дел од спортските медиуми.

Пол Погба кој од страна на Мишел Платини е опишан како ”Златното парче” на францускиот фудбал е најпосакуваната трансфер цел од Италијанската Серија А , а неговата цена која ја определија челниците на Јувентус изнесува 100 милиони евра.

Италијанските спортски медиуми повикувајки се на англиски Daily Mirror пишуваат дека “Граѓаните”  подготвуваат голема понуда за 22 годишниот играч на Јуве, со што се приклучуваат во трката кои ја водат Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона.

Според медиумите, тимот од премиер лигата е спремен да ги понуди играчот од средината Самир Насри, напаѓачот Един Џеко и одреден износ на пари во замена за францускиот играч.

Извор: www.football-italia.net

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!