Тука си: Почетна » Вести » Се сруши фарсата Калчополи – Моџи и Јуве се невини!
Се сруши фарсата Калчополи – Моџи и Јуве се невини!

Се сруши фарсата Калчополи – Моџи и Јуве се невини!

Facebook Twitter

Фарсата наречена „Калчополи“ го добива својот крај. Врховниот суд на Италија ги отфрли  двете обвиненија за спортска измама против Моџи, за кои му се закануваше затворска казна од две години и четири месеци. Третото обвинение е отфрлено поради застареност на случајот.

По изјаснувањето на Врховниот суд, Јувентус излегува како морален победник, но тука не е крајот. Андреа Ањели пред извесен период најави дека Јувентус ќе бара голема оштета од Италијанската Фудбалска Федерација поради нарушениот углед и претрпените финансиски штети. Сумата која ја бара Јуве изнесува 443 милиони евра.

Во продолжение ќе направиме рекапитулар за сомнителните натпревари кои директно или индиректно се однесуваат на Јуве. Од образложенијата за истите проценете дали има криминал:

Џираудо и Моџи

Џираудо и Моџи

Cagliari-Juventus 1-1

Судија Racalbuto (осуден во првостепениот процес, ослободен во второстепениот).

Причината поради која обвинителите го посочуваат мечот како наместен е признавањето на голот на Трезеге кој го постигнал од офсајд. Офсајд (снимките од тоа време покажуваат дека се работи за милиметарски офсајд), кој не е сигнализиран од помошиот судија Consolo. Според извештаите главниот судија Racalbuto не влијае на крајниот исход на натпреварот.

Roma-Juventus 1-2

Судија Racalbuto (осуден во првостепениот процес, ослободен во второстепениот)
Обвинителството го вперува прстот кон голот на Канаваро од офсајд (но и овојпат откако асистентот Ivaldi го признава голот, Racalbuto не влијае на одлуката) и поради фаулот за пенал врз Zalayeta кој е направен на самата линија од шеснаесетникот. Обвинителството го игнорира фактот што во второто полувреме асистентот Pisacreta му поништи регуларен гол на Ибрахимовиќ поради непостоечки офсајд. Линиските судии од овој меч се ослободени од обвиненијата за оваа измама, а останаа вмешани само Моџи и Ракабулто (главниот судија кој не влијаел воопшто на мечот).

Juventus-Udinese 2-1
Судија Rodomonti (ослободен во првостепениот процес, ослободен во второстепениот)
Асистенти Geminiani и Foschetti (ослободени во првостепениот процес, ослободени во второстепениот)
Обвинението посочува кон еден сигнализиран офсајд од страна на Foschetti при што му поништува регуларен гол на Fava. За овој натпревар остануваат обвиненија против Moggi, Giraudo e Pairetto: но како ли им успеало да наместат натпревар самите, без судии или играчи?

Bologna-Juventus 0-1
Судија Pieri (осуден во првостепениот процес, ослободен во второстепениот, ослободен на Врховен)Според обвинението Pieri влијаел на текот на натпреварот, но потоа со отфрлањето на обвинението против него останува само Моџи, кој како и во претходниот случај не можел сам да го намести мечот…

Fiorentina-Bologna 1-0
Судија De Santis (осуден во првостепениот процес, осуден во второстепениот, потврдена казната на Врховен)
Се работи за натпреварот  на кој се делеле „превентивни жолти картони“. Де Сантис според обвинението сакал да ја оштети Болоња пред натпреварот со Јуве, така што им делел жолти картони на играчите кои биле на еден картон до суспензија за следниот меч. Се работи за резервните играчи Petruzzi (17 настапи) и Nastase (7 настапи), чии жолти картони за протестирање и за фаул не се сметале како претерани во извештаите за натпреварот (Gazzetta dello Sport му дава висока оценка од 6,5 на судијата). Во таа Болоња на мечот настапуваа седум играчи кои беа на картон до суспензија, се работи за Giunti, Torrisi, Juarez, Colucci, Loviso, Petruzzi и Nastase) и токму „незаменливите“ Petruzze и Nastase, откако ја отслужија казната против Јувентус, не настапија ниту на следниот натпревар – што доволно говори колку тие биле незаменливи и колкава штета претрпела Болоња од нивните суспензии. Во тој период, познатата швајцарска сим картичка на Де Сантис не била активна.

Шампиони 2005/06

Шампиони 2005/06

Ова се измамите врз кои се базира целиот случај Калчополи, кој низ повеќето степени на судството значително ослабна: ексклузивноста на рапортот помеѓу Моџи и доделувачите на судии, наместениот распоред, превентивните жолти картони… Доволно е да се заклучи дека овие 9 години италијанското судство претрпе невиден срам со овој случај и дека шампионатите биле апсолутно регуларни.

– А сега, ВРЕМЕ Е ЗА НАПЛАТА!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!