Тука си: Почетна » Вести » Ново име од Шпанија во младинските редови – Пол Лирола
Ново име од Шпанија во младинските редови – Пол Лирола

Ново име од Шпанија во младинските редови – Пол Лирола

Facebook Twitter

Можеби нема новини (засега) во овој период во сениорскиот состав, но затоа на иднината на Јувентус се работи постојано. Нов играч во младинскиот состав кој доаѓа од Шпанија е Пол Лирола, десен бек од редовите на Еспањол роден 1997 год член и на Шпанската младиснка репрезентација до 17 години.

За calciomercato.com ги сподели своите први импресии:

„Јас сум нов играч на Јувентус, сите работи (околу трансферот) се завршени. Мој идол е Лам, додека од Јувентус најмноги ми се допаѓа Погба.

Кои се моите технички карактеристики? – Јас играм на позицијата на десен бек, но имам и задачи во нападот, можам да играм и во средниот ред.

Освен Јувентус ме контактираа и (Манчестер) Сити и Барселона.

Ќе играм во младинскиот состав. Го познавам тренерот Фабио Гросо, кој е светски шампион од 2006 година. Во младинскиот состав ги познавам Бланко Морено и Буенакаса, иако не сум играл заедно со нив, бидејќи тие се во генерацијата од 1996 год.“

Играчот доаѓа во Јувентус за износ од 700.000 еур.

извор: tuttomercatoweb.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!