Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за натпреварот Јувентус – Борусија Дортмунд
Карти за натпреварот Јувентус – Борусија Дортмунд

Карти за натпреварот Јувентус – Борусија Дортмунд

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Координативниот Центар  на фан клубовите ни испрати понуда за барање на карти за првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на Шампионите помеѓу Јувентус и Борусија Дортмунд.

Натпреварот ќе се одигра во вторник 24.02.2015 година во Торино со почеток од 20.45.

Резервација на карта се врши со уплата на аконтација од 3.100 денари како на приложената уплатница(клик). Доколку по објавувањето на цените на картите, цената на влезницата ја надминува уплатената сума, потребно е да извршите дополнителна уплата за разликата во цената.

Крајниот рок за пријавување е четврток 22.01.2015 година до кога треба и да го уплатите износот.

Доколку по уплатата на износот, од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз и сместување во Торино, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи само за регистрирани членови за сезоната 2014/2015. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!