Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за натпреварот Борусија Дортмунд – Јувентус
Карти за натпреварот Борусија Дортмунд – Јувентус

Карти за натпреварот Борусија Дортмунд – Јувентус

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Координативниот Центар  на фан клубовите ни испрати понуда за барање на карти за реванш натпреварот од 1/8 финалето на Лигата на Шампионите Борусија Дортмунд и Јувентус.

Натпреварот ќе се одигра на 18.03.2015 година.

Резервација на карта се врши со уплата на аконтација од 3.000 денари како на приложената уплатница(клик). Доколку по објавувањето на цените на картите, цената на влезницата ја надминува уплатената сума, потребно е да извршите дополнителна уплата за разликата во цената.

Крајниот рок за пријавување е четврток 08.01.2015 година до 10:00 часот до кога треба и да го уплатите износот.

Доколку по уплатата на износот, од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз до Дортмунд и сместување, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

За сите дополнителни информации околку уплатата и резервацијата на карти можете да нè контактирате на fanclub@juventus.mk.

Понудата важи само за регистрирани членови за сезоната 2014/2015. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!