Тука си: Почетна » Вести » Буфон – За Јувентус е неуспех да си втор
Буфон – За Јувентус е неуспех да си втор

Буфон – За Јувентус е неуспех да си втор

Facebook Twitter

Јувентус не успеа да се закити со првиот пехар во оваа натпреварувачка сезона, откако на пенали не успеа да го совлада Наполи и покрај двете водства во регуларниот дел од натпреварот, како и двете шанси во изведувањето на пеналите. Буфон имаше три одбрани во деветте серии, но и тоа не беше доволно.

„Такви работи се случуваат. За жал ми се случи мене, односно на нас. Разочарани сме затоа што имавме три прилики со кои можевме да го добиеме натпреварот – една во продолжението и две при изведувањето на пеналите – и не го сторивме тоа.

Честитки за Наполи кои успеаа да се вратат во игра од тешка ситуација.

Кога поведовме на 12 минути пред крајот на продолженијата, веќе размислувавме како да не ризикуваме, особено затоа што во тие моменти ни фалеше енергија и острина. И покрај тоа, не бевме доволно фокусирани на крајот и примивме гол каков што тим што сака да победува, не смее да си дозволи.

Ова беше последен натпревар за 2014 година - „Оваа година беше многу позитивна со голем број на радосни моменти, но ја завршивме со второ место во натпреварување кое многу ни значи. Но за Јувентус, второто место е неуспех.

Ќе бевме среќни да победиме, но и поразот ќе не направи порешителни и поконкретни доколку повторно се најдеме во слична ситуација“

 

Извор: football-italia.net

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!