Тука си: Почетна » Вести » Коленото на Видал е во добра состојба
Коленото на Видал е во добра состојба

Коленото на Видал е во добра состојба

Facebook Twitter

Со оглед на фактот дека Артуро Видал нема право за настап на неделниот натпревар против Парма поради суспензија, а во пресрет на репрезентативните настапи и повикот во репрезентацијата на Чиле, фудбалерот денес беше во Барселона на медицински прегледи пред да отпатува за Сантијаго де Чиле.

На проверката на состојбата со коленото на Видал присуствуваше и професорот Рамон Кугат кој пред шест месеци го оперираше десното колено на фудбалерот. Направената контрола покажа позитивни резултати и коленото на Кинг Артуро е во добра состојба.

Извор: juventus.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!