Тука си: Почетна » Вести » ‘Тројката во нападот не би функционирала’
‘Тројката во нападот не би функционирала’

‘Тројката во нападот не би функционирала’

Facebook Twitter

По информациите во италијанските медиуми деновиве дека тренерот Масимилиано Алегри би можел да испроба напад со Мората и Љоренте , заедно со Тевез како ‘trequartista’ во 4-3-1-2 формација, со свое мислење излезе поранешниот напаѓач на Јуве, Фабрицио Раванели.

Мислам дека ќе биде многу тешко да се снајдат тројцата фудбалери заедно на теренот. Едно е Јувентус да ги користи овие тројца фудбалери половина час кога брка резултат, но сесема различно е да играат тројцата од самиот почеток.”

Со напаѓач како Лавеци, кој исто така е подготвен да помогне и во одбраната, би било поинаку. Но, Тевез, Мората и Љоренте иако имаат различни карактеристики, не би можеле заедно.”

Раванели беше дел од сличен систем на игра во времето кога настапуваше во Јуве заедно со Виали, и Дел Пиеро како поддршка на двајцата напаѓачи.

Како можевме да играме со Дел Пиеро и Виали? Ние се жртвувавме многу за тимот. Бевме првата линија во одбраната, но благодарение на физичката подготовка на тренинзите бевме и доста ефикасни пред голот. Нашата организација без топка беше совршена и таков напад како нашиот досега сеуште не се има пресликано во Јувентус.”

Извор: football-italia.net

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!