Тука си: Почетна » Фан Клуб » Карти за натпревари » Карти за натпреварот Јувентус – Атлетико Мадрид
Карти за натпреварот Јувентус – Атлетико Мадрид

Карти за натпреварот Јувентус – Атлетико Мадрид

Facebook Twitter

Почитувани Јувентини,

Координативниот Центар од Торино ни испрати понуда за барање на карти за натпреварот од Лигата на Шампионите: Јувентус – Атлетико Мадрид

Натпреварот ќе се одригра во вторник 09.12.2014 со почеток од 20:45 часот.

Резервација на карта се врши со уплата на аконтација од 3.100 денари како на  приложената уплатница(клик). Доколку по објавувањето на цените на влезниците, цената на картата ја надминува уплатената сума од 50 евра, потребно е да извршите дополнителна уплата за разликата во цената.

Рокот за пријавување е среда 12.11.2014 година до 13 часот, до кога треба и да го уплатите износот.

Доколку по уплатата на износот, од било какви причини се откажете од картите, парите не се враќаат.

Потребно е самостојно да се организирате за превоз до Торино и сместување, а ние од нашето досегашно искуство можеме да ви помогнеме во организацијата.

Понудата важи за регистрирани членови за сезоната 2014/2015. 

FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS!

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!