Тука си: Почетна » Вести » Мората – Јувентус е како големо семејство
Мората – Јувентус е како големо семејство

Мората – Јувентус е како големо семејство

Facebook Twitter

Во интервју за Марка, Алваро Мората не го крие задоволството од престојот во Торино. Тој се заблагодари на своите соиграчи кои му помогнале да се прилагоди на новата средина.

„Моето доаѓање во Торино е најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Среќен сум овде. Го сакам градот, тимот ме пречека на најдобар можен начин и се чувствувам феноменално. Ова е најдоброто место за мене. Многу брзо закрепнав (од повредата на коленото).

Играњето за Реал Мадрид беше еден моите соништа, но сега сум во Јувентус што е нов предизвик во мојата кариера. Да се игра во Серија А со ваков тим на Јуве е исто така мој сон.

Сега мораме да одиме натпревар по натпревар во остварување на нашите цели. Беше тешко да се остави Мадрид, но кога тим како Јуве ме побара, тоа во голема мерка ми ја зголеми самодовербата која толку ми беше потребна.

Мората посебно истакна еден играч од тимот кој му помага да се прилагоди во Торино, негов омилен играч од претходно.

„Собирав топки на натпревар кога го гледав Фернандо Љоренте како игра на Висенте Калдерон, кога тој играше за Атлетик Билбао, за потоа да го закачам неговиот дрес од Атлетик во мојата соба“ – открива Мората.

„Имам голема среќа што запознав некој како Фернандо и покрај тоа што се воодушевувам од него како играч, тој ми помогна во се` и се грижи за мене.

Тој ме носи на тренинг и ме развозува по градот, ми кажува каде да јадам или да купувам. Цимери сме кога одиме на гостувања. Тој е одличен пријател. Дури и ме подучува Италијански јазик. Што повеќе да кажам.

Скоро сите од тимот ме превезуваат по тренинзите. Еднаш ме однесоа и на забар. Овие играчи се како големо семејство.

 

извор: http://www.football-espana.net/

 

 

“The truth is almost everyone has taken me home after training. One of them even took me to the dentist. These players are a family.”

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!