Тука си: Почетна » Вести » Деталите од трансферот на Ромуло во Јувентус
Деталите од трансферот на Ромуло во Јувентус

Деталите од трансферот на Ромуло во Јувентус

Facebook Twitter

Ромуло е нов фудбалер на Јувентус откако е комплетиран договорот со Верона. Фудбалерот попладнево во Милано го потпишал договорот со Јувентус, а вечерва пристигна во Торино каде имаше заедничка вечера со својот агент и Бепе Марота.

Останува во текот на утрешниот ден комплетирање на медицинските прегледи за и официјално да биде потврден неговиот трансфер од екипата на Верона. Еден ден подоцна, веќе во недела фудбалерот заминува на турнеја со новите колеги.

Јувентус и Верона постигнаа договор за позајмица на Ромуло за која Јуве ќе плати 1.5 милиони евра, со право на откуп на договорот по завршување на сезоната за 6.5 милиони евра. Опцијата за откуп станува обврзувачка доколку фудбалерот одигра 30 % од натпреварите на Јуве во следната сезона.

Колонијата на италијански репрезентативци во Јуве се зголемува. Добредојде Ромуло!

Извор: gianlucadimarzio.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!