Тука си: Почетна » Вести » Јувентус на состанок за Шакири
Јувентус на состанок за Шакири

Јувентус на состанок за Шакири

Facebook Twitter

Јувентус влегува во трката за 22 годишниот фудбалер од средниот ред на Баерн Минхен, Џердан Шакири.

Тренерот Алегри е во потрага по офанзивен фудбалер од средниот ред (‘trequartista’) кој ќе игра зад двајцата напаѓачи во формацијата 4-3-1-2, а Шакири е еден од неколкуте фудбалери кои се наоѓаат на списокот на новиот тренер на Јувентус.

Јувентус денес ќе оствари средба во посредници кои би имале можност да придонесат за остварување на трансферот, иако конкуренцијата за неговите услуги е голема, а најконкретни се екипите на Ливерпул и Рома.

Шакири летово имаше одличен настап на Светското првенство во Бразил со репрезентацијата на Швајцарија, каде на 4 натпревари постигна 3 гола, а на два пати беше прогласен и за играч на натпреварот против Хондурас и Еквадор.

Минатата сезона во дресот на Баерн Минхен забележа 17 настапи во Бундес лигата на кои постигна и 6 голови.

Извор: gianlucadimarzio.com

Коментирањето е затворено

Оди на врвот
Close
Придружете ни се!
Станете дел од најголемото македонско црно-бело семејство!